МЗТ Скопје по победата над ФМП со 87:82 направи уште еден голем чекор кон обезбедување на опстанок во АБА лигата.
Првакот на Македонија по вечерашниот триумф може да се надева дека и следната година ќе биде дел од регионалното натпреварување, но до исполнување на целта има уште многу предизвици.
“Одигравме многу добар натпревар, немаше да биде незаслужено и ако ФМП добиеше, но ние бевме присебни кога беше најважно и стигнавме до победата. Се уште мислам дека и порано требаше да стигнеме до четири победи во АБА, но време е да престанеме да жалиме за тоа и да се насочиме кон наредните предизвици. Ова е само еден мал чекор, има уште многу натпревари до крајот на сезоната, сега дефинитивно се е отворено и пред е интересно продолжение на сезоната. Неверојатно е, некој кој е последен на табелата, да има ваква поддршка и енергија во салата од публиката. Секогаш е лесно да се дава поддршка само кога се победува, но ние овде чувствуваме позитивна енергија, имаме морална обврска да дадеме се од себе и да им возвратиме на вистински начин”, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ.
ФОТО: Игор Паневски