Патнички воз во кој имало стотици луѓе, меѓу кои и многу студенти кои се враќале дома од одмор, со голема брзина се судрил со товарен воз во Грција.
Во судирот во северна Грција загинаа 36, а повредени се најмалку 85.
Повеќе вагони излетаа од шините, а најмалку три се запалија по судирот, којшто се случи непосредно пред полноќ во близина на градот Темпе додека патничкиот воз излегуваше од подвозникот на автопатот.
Спасувачките екипи користат тешка механизација за да преместат големите делови од возовите.
Официјалните лица рекоа дека многу од патниците во возот од Атина до Солун биле студенти кои се враќале дома откако го прославувале карневалот во текот на долгиот викенд.
Преживеаните изјавија дека неколку патници бегале низ прозорците на вагоните по ударот.
Претставници на болницата во блискиот град Лариса изјавија дека најмалку 25 од повредените имаат сериозни повреди.
Можната причина за судирот не се знае.
Двајца железнички службеници беа на распит во полицијата, но не беа приведени.