Според официјални извори, ако скретничарот сфатил дека патничкиот воз се движи по иста линија како и товарниот, ќе наредел двата воза да застанат пред да се приближат. Истражителите побарале и очекуваат наскоро да добијат транскрипт од евентуален разговор меѓу скретничарот и машиновозачот.
Еден од спасувачите за грчките медиуми изјави дека меѓу починатите најголем број се млади луѓе, од кои околу 80% биле машки на возраст до 30 години.
Грчките власти прогласија тридневна жалост во земјата.
„Во болницата роднините во моментов ги идентификуваат телата. Сепак, од првите два вагона извлеквме 3 јагленосани тела, тешко можеше да се препознаат. Во еден момент го совладавме пожарот, но не знаевме дали има повеќе луѓе во двата вагона. Имаше и исчезнати лица, кои можеа да бидат каде било, во воз, под вагон или на сосема друго место“, велат спасувачите.