НАТО има задача да не дозволи ескалација на војната во Украина и да спречи Алијансата да биде инволвирана во војната, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврдувајќи ја и поддршката за брза ратификација на приемот на Шведска и Финска во НАТО. Со зголемувањето на и военото присуство во источниот дел на алијансата, како и во балтичкиот регион НАТО испраќа порака дека нападот врз кој било сојузник на Алијансата ќе предизвика одговор од целата алијанса, додаде тој.
- Се разбира, НАТО има и друга задача, а тоа е да спречи ескалација, да спречи ова да стане полноправна војна меѓу Русија и НАТО. И затоа, го зголемивме и нашето воено присуство во источниот дел на Алијансата, исто така во балтичкиот регион, за да испратиме јасна порака дека нападот врз сојузник на НАТО ќе предизвика одговор од целата Алијанса. Важната работа сега е да се поддржи Украина. Никој не може точно да каже кога ќе заврши оваа војна, но кога ќе заврши, треба да се погрижиме историјата да не се повтори, дека претседателот Путин не може да продолжи да ги напаѓа соседите, истакна Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.