Вести Свет Топ вести

Објавен Договорот за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград – двете страни заемно треба да ги признаат националните симболи

Србија и Косово признаваат дека неповредливоста на границите, почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет и заштитата на националните малцинства се темелни услови за мир, се вели во Договорот за нормализација на односите меѓу двете земји, што Европската унија го објави доцна синоќа, по средбата на Вучиќ и Курти во Брисел со европските помагачи Борел и Лајчак. Договорот на двете страни им беше претставен во септември минатата година, но никогаш официјално не беше објавен, а има 11 точки.

Според договорот, Србија и Косово заемно ќе ги признаваат документите и националните симболи.

Во него се утврдува дека луѓето можат слободно да се движат меѓу Косово и Србија користејќи сопствени пасоши – меѓусебно признати – лични карти и регистарски таблички. Тоа повлекува дека луѓето можат да учат и да работат без да се прашуваат дали нивните дипломи и каде ги добиле, може да бидат проблем, изјави  ЖОЗЕП БОРЕЛ, ЕВРОКОМЕСАР ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА НА ЕУ

 

Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација, и ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите држави да го блокираат напредокот на другата земја на нејзиниот пат кон ЕУ по сопствена заслуга.

За Косовскиот премиер договорот е добар и бил подготвен да го потпише, но како што кажа другата страна одбила да стави потпис.

Мислам дека е срамота што не го потпишавме, иако се договоривме. Јас сум премиер и потврдата за прифаќање на овој текст секако треба да резултира со потпис, но српската страна не го стори тоа, иако се согласивме, рече АЛБИН КУРТИ, ПРЕМИЕР НА КОСОВО

Курти е критикуван од косовската јавност дека ја предал земјата, затоа што во член 10 од договорот стои дека двете страни се обврзуваат да ги исполнат сите претходни договори кои се уште важат. А тоа меѓу другото е и формирање на Заедници на Српски Општини на територија на Косово. Дополнително, според косовската опозиција, во договорот нема член за меѓусебно признавање.

Српскиот претседател пак вели дека Договорот не бил тема, туку имплементација на веќе постоечките спогодби, за кои Курти се уште не е подготвен.

Јас секако инсистирав на Заедници на Српските Општини, тоа се подразбира, и кај европските претставници. Но, мислам дека г-дин Курти не беше подготвен да прифати сега, не знам дали ќе прифати во иднина, изјави АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРБИЈА

Но, формирањето на овие општини во правна смисла немаат некакви сериозни овластувања, сметаат српските критичари, и додаваат дека тие на Вучиќ му се потребни за да објави некаква голема победа. Српската согласност со Договорот им овозможува на петте земји кои не го признале Косово, тоа слободно да го сторат, велат аналичарите и додаваат дека Вуќиќ во Брисел се согласува на се, а храбар е само на медиумите што го поддржуваат.

Алиса Шутиноска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе