Вести Свет Топ вести

Невреме во регионот: Далмација отсечена, Златибор без струја

Црвен метео аларм е вклучен во Хрватска. Интензивните врнежи од снег целосно ја отсекоа Далмација од останатиот дел на земјата. Хрватските медиуми јавуваат дека повеќе од 25 возила не ја почитувале забраната за движење на затворениот дел од автопатот кај тунелот Свети Рок, односно од правец на Далмација кон внатрешноста. Еден патник загинал откако се излизгал автобус со албански регистрарски таблички.

  • Синоќа околу 23:40 часот по средноевропско време (2240 часот) на автопатот А1 кон север кај Бриње се случи сообраќајна незгода. се превртел на левата страна.Во моментот на несреќата во автобусот имало 10 лица, од кои едно лице починало на самото место, додека другите патници се пренесени во болниците во Карловац и Огулин каде им е укажана лекарска помош., изјави Маја Брозичевиќ, портпарол на полицијата за Личко-сењска област

Спасувачките екипи им помагаат на бројините возила заглавени во снежното невреме. Освен снегот проблеми прави и и силниот ветер, кој дува со брзина од околу 150 километри на час и на моменти предизвикува ефект на снежна бура. Во Хрватска се отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн, каде од синоќа до денес се сместени стотици патници. Во прифатилиштето во Госпиќ, според хрватските медиуми, веќе нема место. Патниците сведочат како состојбата станала многу лоша кога се стемнило, па полицијата им помогнала.

 – Цел ден бевме во колоната во Грачац, сигурно околу шест часа. Не бевме баш во центарот на Грачац, туку малку подалеку, а потоа, кога се стемни, се најдовме во конвој, па повикавме полиција да дојде да нè земе. Полицијата со ротирачки светла возеше пред нас и не одведе во училиштето. Возевме во спротивна насока за да стигнеме“, вели Барбара, која патувала накај Сплит

Возила за чистење на снег се на патиштата, но голем број луѓе се се уште заглавени. Во метеоролошката станица Госпиќ измерени се 70 сантиметри снег. Најавите на хрватските служби се дека снегот ќе паѓа и во текот на денот, особено во Горски Котар и Лика, а долж Јадранот се очекуваат врнежи од дожд.

И Србија е соочена со непроодни патишта и прекин на електричната енергија во руралните и планинските предели, проблеми по снеќните врнежи се појавија во областа Златибор. На возачите им се препорачува внимателно возење. Во Црна Гора влажниот снеж сруши дрвја на автопатот од Прјепоље до граничната линија. Во прекин е сообраќајот на повеќе патни правци, а обилниот снег ја остави без струја и железничката пруга во Бар.

 

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе