Во дерби пресметката на Источната конференција, Бостон славеше со 110-107 на гостувањето кај Филаделфија и тоа благодарение на тројката на Џејсон Тејтум на 1,3 секунди до крајот на натпреварот.
Тејтум го заврши натпреварот со 18 поени и 13 скока, но најефикасен беше Џејлен Браун со 26 поени. Во редовите на Сиксерс, Жоел Ембид имаше 41 поен и 12 скока, додека Џејмс Харден реализираше 21 поен.
Во дуелот на двете најдобри екипи на Западот, Мемфис со 112-94 го победи Денвер. Џа Морант ги предводеше Гризлис со 23 поени, додека Никола Јокиќ имаше 15 поени и 13 скока за Нагетс.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Мајами 108-103
Орландо – Индијана 108-121
Њујорк – Њу Орлеанс 128-106
Јута – Сан Антонио 118-102