Лос Анџелес лејкерс одиграа фантастична тимска кошарка за да слават со 124-111 против шампионот Голден Стејт. Дури осум играчи на домашниот тим имаа двоцифрен број поени, а најдобар беше Малик Бизли со 25 поени, а минутажата на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беше лиминитарана па тие постигнаа 13, односно 12 поени. Кај Голден Стејт, најефикасен беше Клеј Томсон со 22 поени.
Никола Јокиќ дојде до својот 22.трипл-дабл оваа сезона во победата од 115-109 на гостувањето кај Кливленд. Српскиот центар имаше 24 поени, 18 скока и 13 асистенции. Мајкл Портер Џуниор имаше 25 поени, додека кај Кавалирс најдобар беше Еван Мобли со 31 поен.
Далас конечно ја прекина лошата низа од три порази по ред и славеше со 142-116 против Сан Антонио. Тоа беше прва победа за тандемот Лука Дончиќ – Кајри Ирвинг, кои постигнаа 28, односно 23 поени.
Бостон по продолжението славеше на гости кај Индијана со 142-138, додека победи остварија и Орландо, Филаделфија, Торонто, Јута и Сакраменто.