Викендов дознаваме како македонскиот борец со храбро срце – Горјан Славески се најде на само една борба и една победа до шампионската титула во бокс со голи раце?
Зошто ја одбра оваа дисциплина која е брутална, агресивна и ризична?
Како се избори за шанса, а сега веќе и респектабилен статус на бокс сцената во САД?
Разговараме искрено за неговата воља и мотивација, за болката, за повредите и стравот, но и за силната верба благодарение на која успеа за рекордно краток период да стане ѕвезда, победувајќи го секој кој ќе застане спроти него во рингот.
Како се подготвува за важната борба која му претстои и кој е неговиот став за прашањето: Дали ќе успее да ја освои и да ја донесе светската титула во Македонија?
Гледајте „Ферплеј со Јана“,
Во недела, во 16:15 на Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.