Украинската Влада денеска ги повика преостанатите жители на Бахмут да го напуштат градот за кој со месеци се водат жестоки битки.
„Ако сте разумни граѓани кои го почитуваат законот и патриоти, мора веднаш да го напуштите Бахмут“, им порача украинската вицепремиерката Ирина Верешчук на останатите неколку илјади луѓе во градот.
Претходно, украинската Влада објави дека во Бахмут загинале пет цивили, а девет се повредени.
Бахмут, град во источниот регион Доњецк, пред војната имаше 70.000 жители, а според Верешчук сега во градот се останати околу 6.000 жители.