Вести Свет

Подолго време биле без вода, храна и воздух – тела на 18 мигранти пронајдени во камион во близина на Софија

Тела на 18 мигранти се пронајдени во камион во село Локорско, 16 километри северно од Софија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Сите жртви се млади Авганистанци, објави бугарската агенција БТА, повикувајќи се на националното радио.

Камионот превезувал повеќе од 50 лица кои биле скриени во таен оддел, под товар од дрва. Дел од бугарските медиуми објавија дека 14 преживеани се хоспитализирани во софискиот центар за итна помош од кои осум се наоѓаат многу тешка состојба.

Возачот на камионот е во бегство, а бугарската полиција презема мерки за негово идентификување и откривање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе