Вести Свет

Одлука на судот во Хаг – Хашим Тачи останува во притвор

Судскиот совет на Специјалниот суд за злосторства на Косово го одби барањето на одбраната за преиспитување на одлуката за продолжување на притворот на поранешниот претседател на земјата, Хашим Тачи.

„Судот одредува продолжување на притворот на Тачи“, се наведува во одлуката.

Како причини за таквата одлука се посочуваат можни влијанија врз сведоци, тешки обвинувања и можност за долга затворска казна, ризик за попречување на постапката на Специјалниот суд, ризик од правење, поттикнување или соучесништво во натамошни злосторства.

Во процесот што се води против поранешните водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими кои се товарат за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства и мачења на Косово, но и на северот на Албанија. Обвинителството досега обезбедило околу 320 сведоци.

Тачи повеќепати досега бараше да се брани од слобода, понуди да не се враќа на Косово и Метохија, туку да живее на друго место за што опција беше и Словенија, но судот не прифати такво нешто.

Судењето треба да почне на 1 март.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе