Кошарка Спорт

Милвоки со 12-та победа по ред, но Јанис се повреди

Утринава во НБА-лигата се одиграа три натпревари, последни пред паузата за Ол стар викендот.

Милвоки ја продолжи победничката серија  на 12 натпревари откако славеше на гостувањето кај Чикаго со 112-100. Брук Лопез имаше за него највисоки 33 поени сезонава, додека Јанис Адетокумпо го повреди зглобот на раката и го напушти натпреварот во втората четвртина. Никола Вучевиќ беше најдобар кај Булс со 22 поени и 16 скока.

Пол Џорџ и Теренс Мен постигнаа по 26 поени за Лос Анџелес клиперс во гостинската победа од 116-107 против Феникс. Вашингтон славеше против Минесота со 114-106 како гостин и тоа откако надомести негатива од дури 20 поени. Бредли Бил ги предводеше Визардс со 35 поени.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе