Дебитантот во завршницата од Купот на Македонија во женска конкуренција, МЗТ Скопје успеа да се пласира во финалето и утре во дуелот против Баскет Кам ќе се обиде да направи изненадување и да стигне до трофејот.
“Натпреварот го почнавме лошо, Вардар одигра многу подобра одбрана од нас, меѓутоа со текот на времето успеавме да се консолидираме, полека дојдовме до израмнување и мислам дека одигравме и тимски и во одбрана и во напад. Ова е наш голем успех, се радуваме на влезот во финалето. Игравме со една петорка цел меч, возрасната граница е голема меѓу првите пет и останатите членови на екипата, тие се деца од 2007, 2008, 2009 годиште. За финалето, се надевам на добра игра затоа што ова беше меч со висок интензитет. Ќе видиме што ќе биде во финалето со Баскет Кам и кој ќе ги искористи своите предности. Јас секогаш велам да одиграме, да покажеме што знаеме и после да коментираме”, изјави предводничката на МЗТ Скопје, Вела Красниќ
ФОТО: Игор Паневски