Вести Свет Топ вести

(Видео) Момент на земјотресот во Дијарбакир – згради се уриваат како да се од песок, луѓе во панично бегство

Полицијата во Дијарбакир објави снимки од безбедносна камера на земјотресот со јачина од 7,8 степени што го погоди градот пред една недела.

На снимката е фатен момент на уривање на зграда, додека бандерите на уличните светилки и семафорите се тресат, се слушаат експлозии на далноводи, а луѓето во паника бегаат од густиот облак на прав што се ослободи при уривање на станбениот објект.

Спасувачките екипи продолжуваат со мисијата за извлекување на луѓе од под урнатините, иако сè поретко пристигнуваат извештаи за спасени човечки животи. Од земјотресот мина една недела и надмината е границата на способност на човечкото тело да издржи без вода во услови на ниски температури.

Билансот на смртни случаи во Турција и во Сирија, по двата земјотреса во понеделникот, ја надмина бројката од 36.000.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе