Вести Свет

Руските сили го сушат резервоарот потребен за ладење на нуклеарката Запорожје, обвини Украина

Русија намерно го суши резервоарот Каховка, изјави вчера вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.

Ова е екоцид. Окупаторите го сушат резервоарот Каховка. Ова е закана за животната средина, водоснабдувањето и земјоделството на регионите Запорожје и Херсон, рече Верешчук.

Резервоарот Каховка е извор за ладење на нуклеарната централа Запорожје и достигна најниска точка во последните три децении, пишува „Киев Индипендент“.

Иако намаленото ниво на водата не претставува непосредна закана за нуклеарната безбедност, може да стане опасно доколку продолжи, изјави директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе