Австралиецот со македонско потекло Алекс Волкановски утринава загуби од Ислам Махачев во УФЦ во борбата за титулата во лесна категорија. Судиите со еднголасна одлука му ја доделија победата на Махачев, а Волкановски е изненаден што не бил прогласен за победник.
На УФЦ настанот број 284 што се одржа во Перт, Австралија, Волкановски се обиде да дојде до шампионскиот појас во лесна категорија. Откако беше доминантен во перолесна категорија тој реши да ја смени дивизијата и да го нападне шампионот Махачев. Иако Австралиецот прикажа фантастична борба, судиите со едногласна одлука го прогласија ривалот за победник.
Мислењата на навивачите и експертите се поделени околу одлуката, како и самиот Волкановски.
„Само што ја изгледав борбата повторно и дефинитивно мислам дека и добив втората, третата и петтата рунда. Изненаден сум што не ми беше подигната раката. Ајде да имаме реванш, било кога, било каде“, напиша Австралиецот на социјалните мрежи по борбата.
За борецот кој има македонско потекло и неговиот прекар е Алекс Велики, ова е само втор пораз во кариерата во мешани боречки вештини и прв откако потпиша за УФЦ во 2016 година. Тој досега четири пати успешно ја одбрани титулата во перолесно категорија.