Останато Спорт

Танак триумфираше на релито во Шведска

От Танак е победник на релито што се одржа во Шведска, а се бодуваше за Светскиот шампионат.

Естонецот по втор пат во кариерата триумфираше на ова натпреварување откако пред четири години се искачи на највисокото место на подиумот.

Второто место му припадна на Крег Брин од Република Ирска кој зад победникот заостана 18,7 секунди. Брин имаше тимска наредба да го пропушти тимскиот колега Тјери Нојвил кој за разлика од Ирецот ќе настапи на сите трки во сезоната, но во завршната етапа имаше посериозен инцидент и на крајот имаше заостанување од 1,3 секунди и мораше да се задоволи со третата позиција.

Зад водечката тројка настапот го заврши актуелниот светски првак Кале Рованпера, кој поради лошото отворање на релито на крајот не успеа да ја надополни разликата и во однос на Танак имаше за 25,1 секунда послабо вкупно време.

Меѓу петте најдобри се пласираше е Елфин Еванс од Велика Британија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе