Халвор Егнер Гранеруд силно граби кон својот втор кристален глобус во ски скокови откако денеска во Лејк Плесид во САД го оствари десетиот сезонски триумф.
Норвежанецот во првата рунда имаше скок од 125 метри, додека во втората скокна 134 метри и со вкупно 287,6 поени стигна до првото место. Втор беше Германецот Андреас Велингер, кој вчера на истата скокалница ја прекина победничката низа на Гранеруд од пет натпревари. Третото место денеска му припадна на Штефан Крафт од Австрија.
Гранеруд е прв во генералниот пласман со 1.652 бода, пред Полјакот Давид Кубацки, кој има 1.359, додека трет е Анже Ланишек од Словенија со 1.096 бодови.
Следната недела Светскиот куп продолжува во Романија во Рашнов.