Кошарка Спорт

Ашаданов: Девојките го дадоа максимумот, Белгија е пресилен противник

Македонската женска кошаркарска репрезентација во последниот настап од квалификациите за Европското првенство доживеа убедлив пораз од 102:43 во соочувањето со Белгија.

Нашата селекција не можеше да и се спротивстави на репрезентацијата која на претстојниот континентален шампионат ќе се бори за еден трофеите.

“Најпрво, сакам да ѝ посакам на Белгија среќа на ЕП, според мене, тие се една од топ-3 екипите фаворити кои можат да го освојат шампионатот. Девојките го дадоа максимумот, се вложија колку што можат по она исцрпување во БиХ да се дојде до таа посакувана победа, а потоа целиот тој пат со автобус. На тој дуел, пет играчи играа 39 минути. Исто така, тука в Скопје беше и квалитетот на противникот. Можеби резултатот е голем, но девојките не се откажаа и дадоа отпор колку што беше во нивна моќ. Дури и да бевме во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник за нас. Се надевам дека победата во овие квалификации и целиот циклус ќе бидат мотив за сите понатаму и за помладите кои треба допрва да ни се вклучат во процесот на надградба на сениорската репрезентација”, изјави селекторот на националниот тим Александар Ашаданов.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе