Кошарка Спорт

МЗТ Скопје потклекна во последната четвртина против Морнар

МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Морнар со 93-84 во рамки на 19.коло во АБА-лигата. Нашиот шампион е единствениот тим во лигата без победа на гостински терен и останува на дното на табелата.

МЗТ одигра лоша последна четвртина, кога и го загуби важниот натпревар во битката за опстанок. На полувремето резултатот беше 46-46. „Металците“ имаа и водство од шест поени разлика во третиот период, а во последната четвртина резултатот повторно беше нерешен 68-68. Морнар го засили темпото во последните 10 минути, а МЗТ не можеше да одговори. Конечниот резултат беше 93-84.

Грегор Глас и Марко Пецарски со 26 и 24 поени беа најефикасни кај Морнар, додека кај МЗТ, Малик Абдул Абу и Кеандре Кук постигнаа по 20, односно 17 поени.

Нашиот шампион останува на последното место на табелата со само три победи и 16 порази. Во следното коло, кое се игра на 3.март, МЗТ го пречекува ФМП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе