Вести Македонија Топ вести

Еден живот згасна, десетици други висат на конец – Очајни крици за помош и повици за одговорност за смртта на Благојче Илиевски

Улицата Кај ѕвончарите во старата битолска чаршија денеска беше во траорна тишина . Замина последниот ѕвончар Благојче Илијевски, кого цистичната фиброза предврме го пензионира од занаетот што го наследи од своите предци, а животот прерано му заврши чекајќи да го добие лекот преку инертниот здравствен систем и долгите административни  процедури.  Неговите соседи од околните дуќани   ќе го паметата како голем борец, но не успеа да ја победи тешката бирократија.

  • Бараше помош до последно се бараше, одеше во сите институции, сите му ветуваа но, толку. Од вчера сме сите во шок, вели дуќанџија од Битола.

45 годишниот Благојче  денеска беше погребан на Светонеделските гробишта во Битола, со него се збогуваа најблиските, но и целата македонска јавност, која е револтирана што умираат луѓе од болести за кои постојат лекови, но за пациентите во Македонија се недостапни. Toj беше меѓу потешките пациенти, настапуваше јавно ги молеше надлежните да ги обезбедата лековите. Неговите соборци од Асоцијацијата за цистична фиброза  се собраа пред Владаta да му одадат последна почит  и да го искажат својот револт.

  • Протестиравме пред Министесртвото за здравство, пред една недела и пред Влада. Не можам да го опишам чувството да го имаш лекот толку блиску лекот, сите околу тебе да го имаат, ти д ане можеше да го добиеш за нешто што ти прави проблем да ти олесни. Цело време кажуваме дека живот значи овој лек, и вчера се виде дека тоа е тоа, вели Бојан Крстевски Асоцијација за цистична фиброза. 

Министерот за здравство, Беким Сали  на ФБ обајви дека се обезбедени 140 милиони денари за лекот трикафта за 8 пациенти со цистична фиброза. Претходно денеска на   новинарско прашање дали чувствува одговорност за смртта на пациентот, рече дека вината не е само во неговото Министертсво

  • Министерството за здравствто не би било најодговорнaта институција за тој случај имајќи предвид дека  ние навремено пријавивме и побаравме поддршка од Владата и Министерството за финансии, како и од Фондод за здравствено осигурување да одговориме позитивно на барања  на тие пациенти, рече Беким Сали, министер за здравство

Иако Сали се амнестираше од директна одговорност, премиерот Ковачевски побара  од министерот за здравство  да размисли дали може да го продолжи мандатот и призна дека бирократијата е виновна за смртта на Благојче Илиевски.

Во државата  има 120 заболени од цистична фиброза, во потешка фаза од болеста се триесетина пациенти, од кои 7 се во критчина сосотјба. Тие   постојано укажуваа на проблемот и  бараа државата да им ги обезбеди лековите. Но, надлежните реагираа по смртта на Благојче и денеска се обезбедени средства за набавка на лекот трикафта за најтешките пациенти.

Емилија Мисирлиевски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почна со редење на куќарки и на украси на Плоштадот- град Скопје се подготвува за Нова Година

Дејан Дејан

Однесувањето на трето одделенец затвори две училишта – по „11 Октомври“ и „Лазо Ангеловски“ во бојкот на наставата

Дејан Дејан

Коалицијата „ Менуваме“ бара јавна расправа за проблемите од нестручноста на Министерството за социјална политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе