Вести Македонија Топ вести

Еден живот згасна, десетици други висат на конец – Очајни крици за помош и повици за одговорност кај надлжените за смртта на Благојче Илиевски

Улицата Кај ѕвончарите во старата битолска чаршија денеска беше во траорна тишина . Замина последнито ѕвончар Благојче Илијевски, кого цистичната фиброза предврме го пензионира од занаетот што го наследи од своите предци, а животот прерано му заврши чекајќи да го добие лекот преку инертниот здравствен систем и долгите административни  процедури.  Неговите соседи од околните дуќани   ќе го паметата како голем борец, но не успеа да ја победи тешката бирократија.

  • Бараше помош до последно се бараше, одеше во сите институции, сите му ветуваа но, толку. Од вчера сме сите во шок, вели дуќанџија од Битола.

45 годишниот Благојче  денеска беше погребан на Светонеделските гробишта во Битола, со него се збогуваа најблиските, но и целата македонска јавност, која е револтирана што умираат луѓе од болести за кои постојат лекови, но за пациентите во Македонија се недостапни. Toj беше меѓу потешките пациенти, настапуваше јавно ги молеше надлежните да ги обезбедата лековите. Неговите соборци од Асоцијацијата за цистична фиброза  се собраа пред Владатa да му одадат последна почит  и да го искажат својот револт.

  • Жалосно е во 21 век кога има лек да умираат пациенти од цистична фиброза. Многу сме револтирни од предолгото чекање и долгото одлучување дали да се донесе лекот и за колку пациенти. Мислам дека нема веќе чекање, велат пациентите. 

Овој трагичен настан го вклучи алармот кај надлежните, а членовите од Асоцијацијата за цистишна фиброза попладнево на средба со премиерот Ковачевски добија ново ветување дека се обезбедени над 2 милиони евра и до крајот на февруари лекот трикафта ќе го добијат  најкритичните пациенти, а во наредниот период ќе се бара системско решение за проблемот. Оптимизмот не ги напушта, но, велат нема да отстапат од својата борба  да го добијат лекот што за нив значи живот.

 

  • За жал го изгубивме вчера Благојче, не требаше да се случат така работите , но со таа загуба се активираа сите, дојде до премиерот и до Владата, нешто што претходно се префрлаше од институција на институција. Се надеваме дека навистина системски ќе се реши проблемот и пациентите ќе се спасат од оваа агонија, рекоа од асоцијацијата за цистична фиброза, смета Фики Гаспар од Асоцијацијата Цистична Фиброза. 

Во државата  има 130 заболени од цистична фиброза, во потешка фаза од болеста се триесетина пациенти, од кои 7 се во критчина сосотјба. Тие   постојано укажуваа на проблемот, преку протести   бараа државата да им ги обезбеди лековитеа а сега добија ново ветување, кое се надеваат власта ќе го исполни.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе