Кошарка Спорт

ЛеБрон најдобар стрелец на сите времиња во НБА

Со 38-те поени постигнати во дуелот против Оклахома, ЛеБрон Џејмс влезе во историјата како најефикасен кошаркар во историјата на НБА лигата.

На ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс му беа потребни 36 поени да го надмине рекордот на Карим Абдул Џабар, а кошот со кој ја надмина легендата го постигна на десет секунди пред крајот третиот период од натпреварот со Оклахома по што следуваше прекин и први кои му го честитаа неверојатниот подвиг беа комесарот на лигата Адам Силвер и самиот Карим Абдул Џабар.

Синоќешниот натпревар предизвика огромен интерес во амриканската јавност. ЛА Лејкерс одобрија 200 акредитации за новинарите, а на трибините беа голем број на ѕвезди н од Џон МекИнро, Џеј Зи, ЛЛ Кул Џеј и Дензел Вашингтон.

Сите оние кои сакаа да го следат мечот покрај теренот мораа да платат влезница од 24.000 долари.

Рекордот на Џабар беше поставен на 5 април 1984 година, девет месеци пред раѓањето на ЛеБрон, кој од денеска е најдобриот стрелец во историјата на НБА со вкупно 38.390 поени.

Џабар кој во кариерата постигнал само една тројка има просек од 24,6 поени во 20-те НБА сезони додека Џејмс до рекордот стигна со 1409 одиграни натпревари и просек од 27,2 поени.

Зад водечката двојка со 36.928 поени е Карл Мелоун, Коби Брајант е четврти со 33.643, а најдобрата петорка ја заокружува Мајкл Џордан со 32.292 поени.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе