Вести Свет Топ вести

Во Сирија бавно пристигнува потребната помош – луѓето од под урнатините викаат, но нема кој да ги спаси

Шокантни сцени пристигнуваат и од Хатај на границата на Турција со Сирија во која доброволци им помагаат на спасувачите.

На неа се гледа маж како стои пред урнатините и ја слуша жената, која е закопана, викајќи „Помош!“, додека удира во нешто метално, за мажот да ја слушне.

– Слушајте, ни викаат, закопани се, ни викаат да им помогнеме, но никој не доаѓа. Живи се, но не можеме да ги извлечеме. Видете, мајка ми и татко ми се во оваа пропадната зграда. Не можам да дојдам до нив. Како да ги спасиме? Никој не е дојден од сабајле. Ни викаат, слушајте ги – вели Дениз, кој плаче затоа што не може да стигне до преживеаните.

Спасувачите и волонтерите ги ризикуваат своите животи за да ги извлечат луѓето заглавени под урнатините. Температурите паѓаат, а ризикот од хипотермија опасно се зголемува.

– Децата ни се тука, што да правиме? Погледнете ја оваа зграда, половина е урната, ризикуваме се за да се урне врз нас. Но, што да правиме? Па не викаат, тоа се наши деца – вели еден очаен родител.

– Моите роднини се мртви, внука ми почина, имаше 17 години. Сваќата и трите деца се под урнатините. Молете се за нас, молете се за нас. Немаме никој, погледнете наоколу, никој – вели локален жител.

Во северна Сирија, контролирана од бунтовниците, спасувачите рекоа дека им недостигаат основни работи, како што се гориво и други резерви за да ги извлечат оние што сè уште се заробени под урнатините на нивните домови.

Непознат број луѓе се уште се заробени, а напорите за пронаоѓање на преживеани се отежнати поради студените услови. Лошата интернет-врска и оштетените патишта меѓу некои од најтешко погодените градови во јужна Турција, дом на милиони луѓе, исто така ги попречуваат спасувачките тимови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе