Вести Временска прогноза

Променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег – Временска прогноза за 29.1.2023

Променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до -1°C, а максимумот од 0 до 6°C.

Агропрогноза:

Зголеменото количество на воден талог во изминатите денови влијае на зголемување на полскиот воден капацитет (лесно достапната влага) во почвата, посебно кај овошните култури кои имаат повисоки потреби за вода, во споредба со поледелските култури и виновата лоза.

Присуството на влага во почвата обезбедува добра залиха и во подлабоките слоеви на почвата, што ќе биде значајно за почетокот на вегетациониот период на земјоделските култури.

Сепак овие временски услови во изминатите денови со натпросечни температури од овој период на годината, придонесуваат во некои делови на подрачјето на државата, посебно во јужните краишта и Повардарието, кај некои видови на овошки да се активира вегетацијата со појава на цветови и бабрење на пупките.

Останатите есенски посеви бележат стагнација, нема развој и се во зимско мирување.

Појавата на снег на планините  исто така ги зголемува резервите на вода кои би ги пододбриле хидролошките услови, кои исто така се на незавидно ниво.

Ова е период од годината кога има многу малку или воопшто нема работа на отворен простор, со исклучок на работите во пластеничкото или оранжериското производство каде работите и производството се изведуваат во контролирани услови.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-10 Попова Шапка, -6 Крушево, -5 Маврови Анови, -4 Лазарополе, Претор, -3 Охрид, -2 Берово, -1 Крива Паланка, Виница, 0 Куманово, Битола, Прилеп, Штип, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, 2 Струмица, Демир Капија, Дојран, 4 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)

3 Демир Капија, 2 Штип, Струмица, Крушево, 1 Крива Паланка.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

80 Попова Шапка, 17 Маврови Анови, 8 Крушево, 5 Берово, 4 Ѓуриште.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе