Познати се кошаркарите кои ќе бидат дел од стартните петорки на претстојниот Ол стар натпревар во НБА лигата што ќе се одигра на 18 февруари во Солт Лејк Сити.
Тимот на Западната конференција ќе го предводи ЛеБрон Џејмс, кој по 19 пат во кариера ќе биде дел од мечот на сите ѕвезди со што ќе го израмни рекордот на Карим Абдул Џабар. Тој по шести пат ќе го предводи тимот на Западот и до сега никогаш не бил поразен кога бил капитен на екипата, а тоа се случува на шест натпревари во низа.
Покрај ѕвездата на ЛА Лејкерс во стартната петорка на Западот ќе бидат уште Никола Јокиќ, Зајон Вилијамсон, Стефон Кари и Лука Дончиќ, чиј настап се уште е неизвесен по вчерашната повреда.
Капитен на Истокот ќе биде Јанис Адетокумбо, а во неговиот тим ќе бидат уште Кевин Дурент и Кајри Ирвинг од Бруклин, Џејсон Тејтум и Донован Мичел.
Капитените остатокот од екипата ќе ја одредат непосредно пред почетокот на натпреварот што е мала измена во правилото според кое до сега тоа се случуваше на две недели пред стартот на Ол стар викендот.
ФОТО: Игор Паневски