Останато Спорт

Руските спортисти како неутрални натпреварувачи во Париз

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека би сакала на претстојните Летни олимписки игри што ќе се одржат следната година спортистите од Русија да настапуваат како неутрални натпреварувачи.

“Сметам дека ова е најзначајниот момент во кариерата на еден спортист и дека не треба да им се забрани да бидат дел од Олимписките игри. Сметам, но и се залагам Русите да настапат во Париз, но партиципираат под националното знаме туку како неутрални натпреварувачи”, изјави Идалго.

Таа истакна дека верува дека војната во Украина до почетокот на Игрите ќе биде завршена и дека француската престолнина е подготвена за сите предизвици.

“Се надевам дека војната ќе биде зад нас. По завршувањето на пандемијата многу е значајно сите да бидеме заедно и да ги надминеме сите проблеми со кои се соочувавме во последниве година. Сметам дека спортот е најдобар начин повторно да се собереме на едно место”, заврши градоначалничката на Париз.

Претседателот на Украина, Володјимир Зеленски неодамна побара Русија да биде исклучена од Олимписките игри, а Интернационалниот олимписки комитет на вчерашните консултации со претставниците на спортистите, спортските асоцијации и националните комитети објави соопштение во кое се потенцираше дека на ниту еден натпреварувач не смее да му се забрани настапи само на основа на пасошот и државјанството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе