Од денеска до недела Скопје е домаќин Европската текбал турнеја, спорт кој од година во година има се поголем број на приврзаници.
На турнирот во Скопје што се одржува во СЦ Јане Сандански настапуваат 155 натпреварувачи од 27 земји, а вкупниот награден фонд изнесува 30.000 долари.
Натпреварувањата почнуваат од девет часот и се одржуваат до 18:45, а в недела борбата за медали почнува од 10 часот, а на програмата се дуели во машка и женска конкуренција, машки и женски двојки како и мешани двојки.
Влезот за сите заинтересирани е слободен.
ФОТО: Игор Паневски