Додека пациентите молат за лек – Mинистерство за здравство калкулира. На повидок нема ништо од набавката за нова современа терапија која треба да го подобри квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза, а од ресорното министерство топката ја префрлаат на јавните здравствени установи кои не одвоиле средства од буџетот за оваа категорија на пациенти.
Лекот трикафта за еден пациент годишно чини 300.000 евра а во земјава околу 65 пациенти имаат потреба од него, тврди Сали.
Револтот на пациентите со цистична фиброза не стивнува па откако протестираа пред Министерството за здравство тие најавија и нов протест пред Владата на 4ти февруари.
Асоцијацијата за цистична фиброза со 10 илјади потписи минатата година се обиде да побара од здравство да им го обезбеди лекот, но и по толку време се`уште го чекаат одговорот. Во соседните држави лекот е веќе на позитивната листа и лесно достапен за пациентите со цистична фиброза.
Симона Петровска