Вести Македонија

Младите бараат работа и перспектива, а не политички театар од Македонија и Бугарија – оценија невладините

Ниското ниво на комуникација, навредите и провокациите на релација Бугарија – Македонија остануваат на политичко ниво.

На младите тоа не им влијае, оценија невладините. Тие сакаат подобар живот, а не политички театар сервиран од раскараните соседи.

Евроскептицизам не се раѓа така лесно, смета Милчо Дули од невладината „СФЕРА“.

„Тоа е многу мал сегмент. Многу мал дел од младите се засегнати со тие работи и сѐ уште веруваат во европските вредности на Европската унија. Знаеме дека младинската невработеност е на висок степен во нашата држава, тука е и политичката (не)стабилност, а секако и квалитетот на животот. Тие се трите најважни работи коишто ги тераат младите да размислуваат за заминување и за подобра иднина“ изјави Милчо Дули, претседател на НВО „СФЕРА“.

Подобар живот најчесто се бара на Запад, затоа што овде нема работа, нема перспектива, нема развој на региони. Сѐ се случува во Скопје – на сметка на помалите места.

Ова го знаат и во Владата и сметаат дека со европски пари ќе ги заживеат заспаните региони.

„Знаеме дека Македонија на некој начин е „Скопјецентрична“, сите се слеваат во Скопје или одат надвор од државата. Од тие причини, развојот на регионите ќе придонесе за поголемо влијание и поголемо учество на младите во општествениот живот, но и да ги привлече да останат и да создаваат овде во Македонија. Ние имаме голема дискрепанца во развојот на регионите и тоа е проблем којшто ќе се решава на подолг рок“ вели Зоран Димитровски, заменик-министер за локална самоуправа.

Програма за прекугранична соработка со соседните држави и сто милиони евра слеани во проекти – во тоа се полагаат надежите.

Тоа е обид за да се постигне и поголемо учество на младите во носењето на одлуки почнувајќи од локално ниво, нешто за што бројни истражувања и анализи досега покажаа дека е сведено на нула.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе