Со одигрувањето на натпреварите од последното коло од првата и втората група во Главната рунда ќе бидат познат и последниот учесник во осминафиналето од овој сегмент на Светскиот шампионат во ракомет.
Последниот патник меѓу осумте најдобри на Мундијалот ќе биде познат по одигрувањето на две средби. Од 18 часот Исланд мора да го совлада Бразил за да ги задржи шансите за освојување на втората позиција во групата, но за да остане во трката за медали потребно е Шведска да триумфира над Португалија во дуелот кој е на програмата од 20:30.
Швеѓаните се сигурно први, но во составот на Исланд веруваат дека домаќинот ќе го оправда статусот на фаворит и ќе им помогне во обидот да се пласираат во елиминациската рунда.
Во првиот натпревар од втората група Унгарија се среќава со Зеленортските острови.
Во групата 1 Шпанија и Франција во меѓусебниот дуел ќе решаваат кој од нив ќе го освои првото место, а големото дерби што се игра од 20:30 часот ќе го судат македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Претходно од 15:30, Словенија ќе се соочи со Црна Гора, а за 18:00 часот закажан е почетокот на мечот меѓу Полска и Иран.
ФОТО: Игор Паневски