Ракомет Спорт

Ракометарите против Тунис за прво место во групата

По триумфот над Алжир, македонската машка ракометна репрезентација вечерва против Тунис ќе го одигра решавачкиот натпревар за освојување на првото место во втората група од Президент купот.

Селекцијата на Тунис исто како и Македонија посакуваше пласман во главната рунда но откако освои само еден бод и тоа во мечот против Бахреин и забележа два порази во соочувањата со Белгија и Данска не успа да го продолжи настапот на Мундијалот и сега се бори да го избегне дното во конечниот редослед.

Ова е ќе биде петти меѓусебен дуел, а во досегашните натпревари двете селекции имаат по две победи. Македонија славеше на Светските првенства во Катар и Франција додека Тунижаните триумфираа на шампионатот во 2009 година и квалификациите за Олимписките игри седум години подоцна.

“По трите порази во првата фаза ние атакуваме на уште една победа. За нас секој триумф е важен, тоа ќе ни донесе поголема самодоверба и подобра атмосфера во екипата. Президент купот е утешна награда, но секоја победа на шампионатот не прави среќни”, изјави голманот во нашата репрезентација Никола Митревски.

Натпреварот во Плоцк почнува во 18 часот, претходно од 15:30 стартува дуелот меѓу Мароко и Алжир.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе