Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа нов пораз во АБА лигата, македонскиот првак овој пат е совладан од Будуќност со 90:86.
Сепак тимот од Аеродром пропушти шанса за сензација и триумф над фаворизираниот противник кој во еден момент имаше и предност од 19 поени, но избраниците на тренерот Драган Николиќ одиграа скоро перфектна последна четвртина и малку недостасуваше да се дојде до победа.
Најефикасен во МЗТ Скопје со 20 поени беше Војдан Стојановски, Абдул Малик Абу имаше учинок од 19 поени и 19 скока, а Дастин Вер впиша 16 поени и седум асистенции.
На спротивната страна Тре Бел-Хејнс мечот го заврши со 22 поени и шест додавања.
ФОТО: Игор Паневскиа