Турскиот интернационалец Самет Јигитоглу е последниот кошаркар што си замина од редовите на МЗТ Скопје оваа сезона. Македонскиот шампион веќе е во потрага по нов кошаркар на центарската позиција.
Младиот 18-годишен кошаркар важеше за еден од најдобрите играчи во тимот, кој е голема перспектива на турската кошарка. Тој лани играше за втората екипа на МЗТ, а оваа сезона имаше одлични игри во првиот тим и тоа во АБА-лигата. Неговиот менаџерски тим го откупил неговиот договор со цел Јигитоглу да се врати назад во татковината и тоа во тимот на Бешикташ од каде и пристигна во Скопје.
Ростерот на МЗТ доживеа многу промени, бидејќи од оние кои ја почнаа сезоната си заминаа Андреј Магдевски, Еван Максвел, потоа Бре Ајви и Адем Мекиќ.
Раководството на МЗТ е во потрага по нов квалитетен центар, кој треба да го пополни отсуството на Јигитоглу.
Фото: Игор Паневски