Ракометната федерација на Македонија традиционално пред секое големо натпреварвање ја објавува и паричната премија за репрезентацијата.
Доколку нашиот тим успее да се пласира во главната фаза на Светското првенство во Шведска и Полска со барем една победа во групата, ракометарите ќе добијат 30.000 евра премија.
Доколку остварат две победи таа ќе биде 45.000 евра, а РФМ вети најголема премија за три победи во групната фаза и тоа од 60.000 евра.
На Македонија и е потребна една победа за да се пласира во главната фаза. Тимот заминува за Краков утре во 11.30 часот со чартер лет. Првиот натпревар го играме во петок на 13 јануари против Норвешка, два дена подоцна ќе ги одмериме силите со Холандија, а во последното коло се среќаваме со Аргентина на 17 јануари.