Кошарка Спорт

Евролигата го сака Монако, ЦСКА и следната сезона надвор од елитата

Директорот на кошаркарската Евролига, Маршал Гликман во интервју за весникот Л’Екип изјави дека во следната сезона московска ЦСКА повторно нема да биде дел од елитното натпреварување и дека најголеми шанси да го заземе празното место е Монако.

“Да се каже дека Монако има гарантирано место, технички не е возможно. Но, јас ќе речам дека сакаме Монако и натаму да биде дел од Евролигата”, рече Гликамн.

Што се однесува до статусот на ЦСКА, Глиман истакна:

“Во лигата ќе партиципираат 18 клуба од кои 13 имаат постојана лиценца. Еден од акционерите ЦСКА поради војната во Украина се уште е под суспензија што ни дава дополнителен простор за некој друг клуб. Според тоа опстанокот на Монако не е доведен во прашање. Кога ЦСКА ќе се врати работите ќе бидат покомплицирани, но за Монако најлесно ќе биде да влезе во Топ 8 и ќе се квалификува врз основа на спортските резултати. Да бидам јасен го сакаме Монако, сакаме тој да биде дел од нашето семејство”, заврши Гликман.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе