Кошаркарите на Денвер славеа со 122-109 против Лос Анџелес лејкерс во рамки на НБА-лигата. Гостите беа без првите ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, кој веќе подолго време е повреден, па Нагетс немаа проблеми да дојдат до триумфот за да останат на врвот на Западната конференција, што го делат со Мемфис.
Никола Јокиќ го запиша својот 11-ти трипл-дабл сезонава со 14 поени, без промашување, 11 скока и 16 асистенции. Џамал Мареј постигна за него рекордни 34 поени сезонава. Кај гостите до Лос Анџелес, најдобар беше Расел Вестбрук со 25 поени.
Џејлен Брансон постигна 44 поени, но Њујорк загуби на домашен паркет од Милвоки со 107-111. Бостон останува најдобриот тим во лигата со 29 победи и 12 порази, откако утринава го совлада Чикаго со 107-99.
На останатите натпревари:
Вашингтон – Њу Орлеанс 112-132
Мемфис – Сан Антонио 121-113
Сакраменто – Орландо 136-111