Шампионот на АБА ллигата, Црвена Звезда поради казната од Евролигата нема право да го регистрира Факундо Кампацо до крајот февруари, а во меѓувреме голем на клубови покажуваат интерес за аргентинскиот репрезентативец.
Кампацо кој во моментов има право да настапува само во АБА лигата изјави дека нема намера да го напушта Белград и дека останува во Црвена Звезда.
“Останувам во Црвена Звезда. Останувам со своите соиграчи, навивачи и овој град. Одиме заедно во нови победи”, напиша Аргентинецот на својот профил на Инстаграм.
Во меѓувреме се огласи и Црвена Звезда која соопшти дека и натаму ќе се бори да добие дозвола да го регистрира Кампацо и пред определениот рок и ќе стори се што е во нејзина моќ тој што е можно побргу да биде дел од екипата и на натпреварите во кошаркарската Евролига.
ФОТО: Игор Паневски