Бостон ја прекина победничката низа на Далас од седум натпревари славејќи со 1224-95 на гостински паркет. Џејсон Тејтум одигра неверојатен натпревар за Селтикс и го оствари својот втор трипл-дабл во кариерата со 29 поени, 14 скока и 10 асистенци. Џејлен Браун имаше 19 поени за најдобриот тим во лигата. Лука Дончиќ, кој ј на претходните пет натпревари имаше просек од 44,5 поени, утринава постигна 23 поени.
Денвер славеше со 122-91 протитив Лос Анџелес клиперс. Дури седум играчи има двоцифрен ефект во нападот кај Нагетс, кои во еден моменти имаа и предност од дури 43 поени. Џамал Мареј имаше 18 поени, додека Никола Јокиќ реализираше само 12. Кај клиперс,Норман Пауел беше најефикасен со 13 поени.
На останатите натпревари, Мемфис како гостин триумфираше во Орландо со 123-115, а Јута исто така на гостински паркет славеше против Хјустон со 131-114 и тоа најмногу благодарение на 49-те поени на Лауир Марканен.