Спорт Тенис Топ вести

ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија по протерувањето во јануари

Новак Ѓоковиќ е во Австралија и веќе почна со тренинзи на тениските терени во пресрет на првиот гренд слем во сезоната.

Ѓоковиќ во јануари беше протеран од Австралија поради вакциналниот статус за корона. Австралиските власти првин му дадоа исклучок од строгите австралиски ковид протоколи, но поради реакцијата во јавноста оптоварена со долг карантин и потреба пд вакцинирање, уште на аеродромот му ја поништија дозволата за влез.

Ѓоковиќ првин беше во центар за депортација, доби на суд, но ресорниот министер му издаде забрана, го протера од Австралија и му издаде забрана за влез од 3 години. Ѓоковиќ не успеа да заигра на Австралија Опен, имаше пристојна сезона (освои 5 турнири во сите категории и заврши 5-ти на АТП ранг листата) иако поради непримена вакцина не можеше да настапи на половина од најголемите тениски турнири.

Во меѓувреме партијата чиј министер го протера и му “пресуди” тригодишна забрана изгуби на избори, а новата влада ја поништи забраната.

Ѓоковиќ е рекордер по освоени гренд слемови во Австралија, досега има 9 и ќе се бори за јубилејната десетта титула во Мелбурн.

Неговиот ривал од Шпанија, Рафаел Надал има вкупно 23 гренд слем титули (една повеќе од српскиот тенисер). Двајцата ветерани се уште се држат иако на сцена стапи новата млада генерација тенисери предводена од тинејџерите Алкараз (најмлад број 1 во историјата на тенисот) и Руне.

Ѓоковиќ новата “после-депортирање” сезона ќе ја почне на турнирот во Аделаида каде веќе тренира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Суспендирана директорката на ССКМ поради сомнеж за фалсификат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе