Култура

Филип Јовановски награден во рамките на регионалниот проект Штампање заеднички простор

Kолаборативниот проект „ Штампање заеднички простор “, во кој учествува македонскиот визуелен уметник Филип Јовановски, во соработка со студенти од ФДУ и Архитектонски факултет од Скопје, како и факултети од Нови Сад и Ријека, ја освои престижната меѓународна награда „Ранко Радовиќ”, во категоријата за најдобра мултимедијална поставка/изложба, што ја доделува Здружението на ликовни, применети уметници и дизајнери на Србија, за 2022 година.

Наградата, која го носи името на архитектот Ранко Радовиќ, е востановена со цел да се поттикне, развие и афирмира критичко-теориската мисла во областа на архитектурата и архитектонското творештво, и со тоа да се воспостават критериуми за нејзино вреднување во Србија и на меѓународно ниво, што подразбира вклучување на државите од поранешна Југославија и земјите од светот со кои Ранко Радовиќ соработувал или во кои работел.

Жирито во состав: проф.д-р Миа Давид -претседателка на жирито, д-р Ана Џокиќ, кураторка и Борис Миљковиќ, режисер, писател, одлучи наградата да ја додели на оваа соработка поради тоа што е „заедничка работа и повторно промислување на модернистичката архитектура на просторот на поранешна Југославија“ како и поради „третирањето на овој простор сеуште како заеднички културен простор што е од исклучително значење за создавање на подобро разбирање и полесна заедничка иднина на генерациите кои доаѓаат“.

Филип Јовановски вечерва во Нови Сад ќе учествува на разговор, на тема „Театарот од четири агли – Поглед на Биеналето за сценски дизајн 2022“. Разговорот е во рамки на програмската линија „СкенЛаб_разговори“, развиена од архитектот и професор Радивоје Динуловиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Лауреат на наградата „Мето Јовановски“ е Лазар Ристовски- Четврто издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе