Вести Македонија Топ вести

Пендаровски за тимот за санкции од САД: Тоа се дипломати, а не истражители и нема да ни ја исчистат корупцијата

Два дена откако си заминаа сè уште нема официјална потврда со кого се сретнале. Кој ги повика и какви информации понеле во Вашингтон. Тимот за санкции на САД го наруши спокојот на извршната и судската власт, но никој не знае кој ќе се најде на црната листа на САД. Молчи премиерот, зборува претседателот кој испрати порака дека овие лица не се правници, ниту истражители, туку високи дипломати со експертиза кои нема да ни ја завршат работата во нашиот двор.

За време на престојот минатата недела, се информирале за сознанија за случаи на висока функционерска корупција, не само за оние завршени како конфискацијата на Мијалков и на Трансмет, туку и за активни предистраги против актуелни и поранешни функционери. Од амбасадата на САД не прецизираат други детали, но порачуваат дека секој висок функционер надвор од САД кој што ќе биде вмешан директно или индиректно во сериозни корупциски предмети или прекршување на човекови права, спаѓа во доменот на работата на американскиот државен секретар кој има должност да ја креира листата на санкции.

И амбасадорката на САД ги избегна медиумите на оваа тема. И премиерот без детали и насоки по посетата на тимот. Ќе се почека финалната листа, но затоа спротивно од изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека биле повикани.

Темата корупција била дел од разговорот на Ковачевски со советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, кој ја откажа посетата од здравствени причини. За американскиот тим за санкции беше објавено дека доаѓа за да изврши увид во корупциски предмети поврзани со поранешни и актуелни чинители. Македонските владини функционери кои пред доаѓањето на амбасадорката Агелер тврдеа дека нема сериозна корупција во нивните редови, го променија ставот, се заблагодарија на помошта, и порачаа дека има корупција од портир до врвот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе