Вести Свет Топ вести

Свечена церемонија во Приштина: Косово ја потпиша апликацијата за членство во ЕУ

Апликацијата за прием на Косово во Европската Унија (ЕУ) е потпишана претпладнево на церемонија во Приштина. Потписници на документот се косовската претседателка Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на парламентот, Гљаук Коњуфца.

Потпишувањето на апликацијата, според премиерот Курти, е историски момент за Косово и прв чекор кон евроатлантските интеграции.

„Денеска го правиме првиот чекор кон членство во Европската унија. Ова е историски момент со кој сакаме да отвориме ново поглавје. Брзината со која ќе се движиме, ќе зависи од нас“, наведе Курти.

Тој додаде дека потпишаната апликација ќе биде предадена на Чешка која во моментот претседава со ЕУ.

За косовската претседателка, денешниот ден е историски, а Косово, според неа, заслужува да биде дел од ЕУ.

„Во современата историја на Косово, 14 декември има двојно значење. Покрај апликацијата за членство, денеска е годишнина и од формирањето на војската“, потсети Османи.

И Коњуфца го оцени денешнјот ден како историски. Тој нагласи дека ЕУ ќе биде цела, кога сите европски народи ќе биде дел од неа.

„Ова е прв официјален чекор на патот на Косово кон членство во ЕУ. Ова патување оди преку Европската комисија. Апликацијата се припаѓа на владите на земјите членки кои ги повикуваме да гласаат едногласно“, порача Коњуфца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе