Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава за поранешен градоначалник поради злоупотреба на службена положба

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.П.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), пријавениот, во својство на овластено лице – градоначалник, во периодот од 2011 до 2015 година, во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба со пречекорување на границите на своето службено овластување и постапил спротивно на Законот за јавни набавки.

„Во 2011, 2012, и 2013 година донел три Решенија за Јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа во вкупен износ од 802.400,00 денари, но и покрај тоа набавил и платил стоки и услуги во износ од 184.192 денари повеќе од предвидените парични средства од Буџетот и надвор од донесеното Решение за јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа.  Исто така, пријавениот во текот на 2014 година има донесено Решение за јавна набавка на делови за патнички моторни возила и нивна поправка и одржување”, но и покрај тоа сепак набавил и платил стоки во износ од 25.623 денари повеќе од предвидените парични средства за таа намена и надвор од донесеното Решение од негова страна“, информираат од МВР.Оттаму посочуваат дека пријавениот за наведениот период со економски оператор извршил набавка и платил стоки и услуги во вкупен износ од 440.781 денари иако знаел и бил свесен дека стоките и услугите воопшто не се предмет на Договор за спроведени јавни набавки, додека со друг економски оператор извршил и платил стоки и услуги во вкупна вредност од 200.491 денари иако знаел дека платените стоки и услуги воопшто не се предмет на спроведена јавна набавка на склучен Договор за јавна набавка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред пратениците предлогот за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Руски ракетен напад ги подигна борбените авиони во Полска

Дејан Дејан

Третата Конференција на ОН за океаните во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе