Ева Каили, потпретседателката на Европскиот Парламент, осомничена дека земало огромна сума на кеш пари за да лобира во корист на Катар, не беше денеска изведена пред судот во Брисел како што беше најавено.
Европарламентарката од Грција е дел од група на четворица луѓе обвинети за корупција и перење на пари која требаше да биде изведена пред судот.
Белгиското федерално обвинителство потврди дека Каили побарала одложување а нејзиното прво изведување пред судот ќе се одржи на 22-ри декември.
Таа останува во притвор, како и нејзиниот партнер Франческо Џорџи и поранешниот италијански европратеник Пјер Антонио Панцери.
Каили вчера беше разрешена од потпретседателската функција во Европарламентот а нејзините банкарски сметки се замрзнати од властите во Грција.
По нејзиното шоканто апсење минатиот петок, Белгиската полиција досега изврши повеќе од 20-тина истраги, во рамките на кои биле запленети и повеќе од 1,5 милион евра во готовина.