Вести Свет

Иран исклучен од Комисијата на ОН за правата на жените

Иран денеска на предлог на САД, беше исклучен од учество во работата на Комисијата на ОН за статусот на жените, поради кршење на правата на жените и девојките за време на насилното задушување на протестите во таа земја.

Економскиот и социјалниот совет на ОН (ECOSOC) што има 54 членки, усвои Резолуција изготвена од САД, со која се наредува итно суспендирање на учеството на Иран во Комисијата за статусот на жените до крајот на мандатот на тоа тело во 2026 година.

За исклучување на Иран гласаа 29 членки на ECOSOC,  осум беа против, а останатите 16 беа воздржани.

Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, пред гласањето изјави дека членството на Иран го поткопува кредибилитетот на Комисијата.

Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, го оцени потегот на САД како незаконски и насилен.

Иран, 17 други држави и Палестинците во писмото до ECOSOC во понеделникот рекоа дека гласањето несомнено ќе постави непосакуван преседан, што на крајот ќе ги спречи другите земји-членки со различни култури, обичаи и традиции да придонесат во активностите на таквите комисии.

Само пет држави од потписниците на писмото се членки на ECOSOC и можеа да се изјаснат на денешното гласање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмногу пријавени колапси од топлото време во Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе