Скапата струја за греење го зголемува и аерозагдаувањето во урбаните средини, за кои до лани и не беше каратеричисно во текот на зимскиот период. Домаќинствата се враќаат на греење на дрва и други загадувачки енергенси. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски кој со години работи на ова проблематика вели деновиве мерните станици покажале зголемување на ПМ честичките во воздухот во повеќе урбани средини, меѓу кои и во Охрид.
Штип засега нема проблеми со аерозагадувањето поради местоположбата и ветерот. Мираковски смета дека решението за намалување на загадувањето на воздухот во градските средини низ земјава е градење на системи за греење и добивање на струја од обновливи извори.
Скопјани лани дишеа на шкриги, мерните станици покажуваа дека е меѓу десете најзагадени градови во светот. Колкаво ќе биде загадувањето оваа зима ќе се анализира на крајот од грејната сезона.
Викторија Јованова