Вести Македонија

Димовски: Треба да се анализираат текстовите на самите закани и да се направи профил на испраќачите

Заканувачките мејлови за поставени бомби ја креваат тензијата на многу повисоко ниво, создаваат страв, чувство на немир, и стануваат се почести затоа што некој очигледно тие што ги испраќаат сфатиле дека таквиот модел на оперирање е тежок за откривање, посочуваат експертите во вечерашната Топ Тема. Професорот на факултетот за безбедност Злате Димовски, смета дека се случува нешто што во оваа фаза не сме во можност да го идентификуваме од каде доаѓа и кои се оние кои што тоа го прават. Вели дека за тоа ќе треба да се анализираат самите текстови во заканите.

Да видиме во самите текстови што е тоа што се пишува, како се пишува, начинот, и лингвистички да се погледне малку, да се погледне и од психолошки аспект. Сепак психолозите можат да идентификуваат по одредени зборови, недовршени реченици итн. и тука да се вклучат и безбедносни лица кои што би идентификувале одредени елементи во сето она што се кажува. Така да анализата, или една од методите на идентификација би можела овој период да биде и таа анализа, и правење на профил, евентуално, на тие кои што би можеле да го дојавуваат сето ова, вели професорот димовски.

Вели дека термините како „хибридна војна“ или „хибридни закани“ во литературата се познати од многуи одамна, иако кај нас започнаа неодамна да се употребуваат.

Бидејќи таму се употребуваат и конвенционални и неконвеционални методи тие беа привилегија на разузнавачките служби, во тој контекст и контраразузнавачките служби. Тие сето тоа го правеа од поодамна и никогаш не се употребуваше терминот хибридни војни, туку сето тоа беше низ призмата разузнавачко и контраразузнавачко делување. Сега затоа што имаме нов термин ние додадовме низа на други дејствија кои што исто така можат да придонесат, или крајната цел би била дестабилизација на државата, наметнување на еден страв кај граѓаните, понатаму паника предизвикување, едноставно да биде блиску до самата цел на терористичкото делување, вели професорот Димовски.

Димовски ја отфрла можноста да станува збор за аматери кои ова би го правеле од забава, затоа што сите активности сем добро испланирани и се таргетираат места на кои би се постигнал најголем ефект.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмногу пријавени колапси од топлото време во Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе