Вести Свет

Германскиот парламент ќе расправа за истрагата за екстремно десничарската група која планирала преврат

Бундестагот денеска ќе одржи дебата за истрагата за екстремно десничарската терористичка група која наводно планирала да ја собори германската влада, јави ДПА.

Комисиите за правни и внатрешни работи ќе се состанат на посебна седница, а членовите на германскиот Парламент ќе можат да поставуваат прашања за истрагата до парламентарната комисија за проверка, која заседава зад затворени врати.

Дваесет и пет осомничени, меѓу кои и поранешен пратеник, беа приведени во серија полициски рации во средата минатата недела. Според обвинителството, тие се обиделе да го урнат демократскиот поредок и да формираат нова власт.

Обвинителите сметаат дека главните осомничени припаѓаат на терористичка група поврзана со екстремистичкото движење „Граѓани на Рајхот“, кое не го признава авторитетот на германската држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Седум до 10 години е прифатлив рок за Македонија да издвојува пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Крстиновска: Србија и БиХ вешто го искористија наследството од Југославија и произвeдуваат поголем капацитет на оружје

Дејан Дејан

Вучиќ најави предвремени избори по завршувањето на подготовките за Експото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе